5.8 C
Skopje
четврток, февруари 6, 2025

ФОТО и ВИДЕО| Украински пратеник тврди дека е лажно видеото со Зеленски во болницата

Парламентарецот во украинската Врховна рада, Илја Кива тврди дека е лажно видеото објавено претходно во неделата на коешто украинскиот претседател Владимир Зеленски е снимен во болница, бидејќи медициската сестра која се појавува во материјалот загинала минатиот месец.

Претходно во неделата на Telegram каналот на кабинетот на Зеленски беше објавено видео во кое украинскиот претседател е прикажан во посета на ранети украински војници. Притоа не се наведува каде се наоѓа болницата во која се сместени ранетите во борбите во областа на главниот град Киев.

„На видеото е прикажана медицинска сестра која повеќе не е жива, но во Киев тој (Зеленски) ја храбри“, објави пратеникот Кива на својот Telegram канал.

Според украинсиот пратеник, сестрата Ина Дерушова загинала на 26-ти февурари. Како потврда Кива приложува објава, веројатно поставена од пријатели на медицинската сестра.

„Последното видео само ги засилува сомнежните дека Зеленски е во Киев, а не ги негира“, додава украинскиот пратеник од опозициската партија Опозицска платформа – За живот, кој според отворени извори порано бил припадник на движењето Десен сектор во Плтава, учесник во операциите во Донбас во 2014/2015 година и припадник на министерството за надворешни работи.

Украинскиот претседател Зеленски денеска посетил ранети војници во болница во Киев, со кои тој поразговарал и се фотографирал, соопшти украинското Министерство за одбрана.

„Во посета на нашите ранети борци. Оздравете што побргу. Јас верувам дека најдобар подарок за вашето повлекување ќе биде наша заедничка победа!“, напиша Зеленски на Facebook.