
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 15.03.2022 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Славејко Арсов бр.28, 30, 32, 34, 36 и 38. ( општина Центар )
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Партение Зографски лоцирани на потегот помеѓу раскрсниците со улиците Црниче и Рилски Конгрес. ( општина Центар )
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Марија Бурсаќ, Вардарска и Браќа Кошулчеви, како и корисниците од Кеј 13 Ноември од бр.99 до бр.110. ( општина Центар)