
Повеќе од десет украински воени бродови, меѓу кои патролни чамции и офанзивни борбени пловила, биле напуштени од украинските морнари додека руските сули се приближувале до пристанишниот град Бердјанск.
Пловилата биле најдени вкотвени со полни резервоари за горива, со магацини со продукти и големо количество муниција со голем калибар и подводни мини, се наведува во инфорамцијата на RТ.
Според презентираните снимки, забележливо е дека укранската воена морнарица добила наредба за изведување борбени дејства, но веријатно било проценето дека бесцелно би било спротиставувањето. За тоа колку брзо биле напуштени бродовите, како што се наведува, сведочат предмети од лична и воена природа откриена подоцна пловилата.
Уште на 27-ми феваруари, три дена по почетокот на руската офанзива, руското минисерство за одбрана објави дека се целосно се блокирани градовите Херсон и Бердјанск кон Азовското Море. Тогаш беше објавено дека повеќе од 470 украински војници доброволно се предале, а веќе следниот дена од Киев потврдија дека Бердјанск е под контрила на руските сили.