На 14.03.2022 година околу 22.30 часот во ОВР Струга приведен е Б.Н.(41) од струшкото село Велешта. Приведувањето е извршено по решение од Основен суд Струга и определена мерка притвор во траење од 30 дена, по што тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор – Охрид.
Тој, на 25.02.2022 година околу 14 часот, по претходна вербална расправија со Б.А.(52) од Струга, во хотелски објект на улицата „Партизанска“ во Струга пукал од огнено оружје.