Во текот на речиси еден месец од ескалацијата на судирите во одметнатиот проруски источен украински регион Донецк во гранитарањето на силите под контрола на Киев загинале 49 цивили а уште 237 од кои 13 деца се ранети, соопштија во вторникот вечерта претставниците на самопрогласената Донецка Народна Република (ДНР) во Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот.
„Во текот на 27-те дена од ескалацијата од страната на вооружените формации на Украина, загинаа 49 цивили, а само во последниот ден двајца. Уште 237 цивили се ранети со различни тежни, меѓу кои 13 се деца. Во последното деноноќие 11 лица се ранети, од кои четири на териториите претходно ослободени од вооружените сили на ДНР“, се наведува во соопштението објавено на Telegram.
Се истакнува дека во споменатиот период на територијата којашто ја контролираат проруските бунтовници биле оштетени 1.146 станбени објекти, 330 објекти од градската инфраструктура, од кои 19 медицински установи, 44 образовни установи, 53 објекти на службата за социјално осигурување, 19 објекти од виталната инфраструктура, 197 објекти за снабдување со електрична енергија, вода и гас и 189 возила.
„Центарот евидентирал 1.118 случаи на отворање оган… од кои 959 со употреба на тешко вооружување. Вкупно непријателот истрелал 13.863 паричиња миниција со различен голем калибар, вклучитено и 17 ракети од тактичкиот рактетен систем ‘Точка-У’ и 562 ракети од повеќецевните ракетни системи БМ-21 Град“, се наведува уште во соопштението.
Претставниците наведуваат и дека украинските сили не престануваат со борбените активности на линијата на раздвојувањето, гранатирајќи ја цивилната инфраструктура и станбените населби.
„Единиците на вооружените сили на ДНР ги одбиваат непријателските напади и нема да дозволат да биде нарушен територијалниот интегритет на републијата“, порачуваат проруските борци од Донецк.