Азиските берзи го следат растот на Волстрит

На азиските берзи цените на акциите денеска пораснаа, како и претходниот ден на Волстрит, што во голема мера се должи на падот на цената на нафтата, но тргувањето се одвива претпазливо пред одлуката на првиот човек на американската централна банка.

Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, беше околу 6,45 за 1,4 отсто по два дена остар пад.

На берзата во Токио индексот Никеи зајакна за 1,6 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Австралија, Шангај и Хонг Конг пораснаа меѓу 1 и 3,5 отсто.

Најмногу утрово поскапеа акциите на акциите на кинеските берзи, благодарение на корекцијата по остриот пад во претходните денови, кога акциите на технолошките компании беа под голем притисок.

Но, тргувањето е претпазливо бидејќи некои инвеститори се разочарани од одлуката на кинеската централна банка дополнително да не ги намалува каматните стапки.

Ширењето на коронавирусот во некои делови на Кина не е во корист ниту на пазарите. Додуша, вчера бројот на новозаразени опадна, но поради острите мерки насочени кон борба против вирусот, инвеститорите стравуваат од забавување на економската активност.

Од друга страна, поддршка за пазарите обезбедува вчерашниот скок на берзанските индекси на Волстрит за повеќе од 1,8 отсто.

Инвеститорите на најголемата светска берза беа охрабрени од падот на цената на нафтата за повеќе од 6 отсто, па вчера се лизнаа под нивото од 100 долари за барел, првпат по рускиот напад на Украина кон крајот на февруари. Пред една недела цената на барелот достигна 139 долари, највисоко ниво од 2008 година.

Падот на цената на црното злато во последните денови се должи на надежите на инвеститорите дека преговорите меѓу Русија и Украина ќе резултираат со договор.

Оттука, ублажени се стравувањата од нарушување на испораките на нафта од Русија, но и од натамошен раст на инфлацијата, која во САД е на највисоко ниво во последните 40 години.

Вчера почна дводневната седница на лидерите на американските централни банки, а нивните одлуки ќе бидат објавени попладнево.

Речиси е сигурно дека, за прв пат по три години, ФЕД ќе ги зголеми клучните каматни стапки со оглед на тоа што инфлацијата во САД со месеци е на највисоко ниво во последните 40 години, близу 8 проценти.

Повеќето аналитичари очекуваат ФЕД да ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени. Сепак, поради високата инфлација, која може дополнително да се зајакне во наредниот период поради неодамнешниот силен раст на цените на енергијата и суровините, можно е поагресивно зголемување на каматните стапки.