Русија повторно предупреди дека Украина подготвува хемиски напад за кој треба да биде обвинета Москва

Руското министерство за одбрана повторно во средата предупреди и ја обвини Уикраина дека подготвува напад со хемиско оружје врз цивили за кој заедно со странските инструктори сака да ја обвини Русија.

„Имаме веродостојно сознаниеја дека (украинското разузнавање) Службата за безбедност на Украина – СБУ подготвува провокација со користење на токсични супстанции со поддршка на западните држаави“, изјави во средата на брифингот во министерството за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.

„Целта на провокацијата е да се обвини Русија за користење хемиско оружје против украинското население. Руските сили не корстат хемиско оружје и тоа е уништено“, истакна Конашенков потсетувајќи ги на меѓународните инспекции според договорите.

Западните земји, откако Русија предупреди со конкретни информаци дека украинските радикали со помош на странски инстркуктори подготвуваат хемиски напад и оти во Украина е откриена мрежа од биолаборатории финансирани од САД, изјавуваат дека стравуваат од зголемен ризик од користење биолошко и хемиско оружје, кое наводно би го користеле руските сили. Обвинија дека податоците на Москва за постоење такво оружје во Украина наводно било изговор таа самата да го користи.

Во петокот Москва предупреди дека „украинските радикални групации под контрола на претставници на американските разузнавачки служби, подготвија неколку можни сценарија за употреба на тоскични хемикалии за извршување разни видови провокации. Целта на таквите акции е да се обвини Русија за употреба на хемиско оружје против цивилно население и прекршување на своите обврски, вклучително и оние од Конвенцијата за хемиско оружје (CWC)“.

Според созјанијата на Москва, една од подготвените варијанти е саботажа во едно од украинските хемиски претпријатија со минирање големи контејнери со индустриски хемикалии, за што имаше извествања на почетокот од седмицава.

„Планирано е да се минираат резервоари со амонијак во објектите на приватно акционерко друштво Северодонецка групација Азот (во градот Северодонецк) и јавното акционерско друштво Одеско пристанишно претпријатие (во Одеса)“, се објаснува во текстот на рускот министерство за надворешни работи.

„Друго сценарио е експлозија на контејнери со токсични хемикали во густо населени области. Конкретно, со сугурност е утврдено дека на 8-ми и 9-ти декември 2021 година, украинските радикали испорачале метални буриња од по 200 литри со странски ознаки на територијата на Донецката област. При нивното истоварување четворица украински војници добија сериозни хемиски изгореници и труење. Целата координација на испораката и складирањето на опасните материи ја извршиле припадници на американската приватна воена компанија Forward Observation Group“ со седиште во сојузната држава Невада, се истакнува во предупредувањето од Москва.

И покрај предупредувањата од Русија, украинската страна не се откажала од „ваквите терористички активности“, се констатира во објавата. Конкретно се посочува дека ноќта на 9-ти март годинава радикалите донеле 80 тони амонијак во населбата Золочив и сега „го инструираат цивилното население како да се однесува во зоната на хемиска контаминација“.

„Ги информираме државите членки на Конвенцијата дека таквите подготовки јасно укажуваат на спремност за употреба отровни хемикалии. Со оглед на пропагандната капања започната во западните земји, нема сомнежи дека планираните провокации имаат цел да ја обвинат Русија за употреба на хемикалии. Во тој поглед постојат зголемени ризици дека екстремистички настроените елементи кои дејстуваат во составот на ткн национални баталјони може да одлучат да преземат радикални чекори, чии ужасни последици не можатда се предвидат“, предупредува руското министерство за надворешни работи во документот доставен во Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) и до Советот за безбедност при ОН.