Арестович: Украинскиот претседател не го промени ставот, границите од 1991 година мора да се почитуваат

Украинскиот претседател не го промени својот став во врска со тоа дека меѓународните граници кои постоеја во времето на распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година и натаму мора да се почитуваат, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович.

„Неговата главна позиција не е променета. Никогаш нема да се откажеме од нашите национални интереси“, рече Арестовиќ.

Москва го анектираше полуостровот Крим кон Руската Федерација во 2014 година, но Обединетите нации сè уште го сметаат регионот за дел од Украина. Русија исто така ги призна  декларациите за независност на двете самопрогласени републики во источна Украина.