Лига Европа: Елиминирани двата тима од Севилја

Фудбалерите на Лион, Вест Хем Јунајтед и Ајнтрахт од Франфурт им се придружија на Аталанта, Брага, Ренџерс Глазгов, Барселона и РБ Лајпциг во четврфиналето на годинешното издание на Лига Европа.

Олимпик Лион четвртфиналето го избори благодарејќи на ремито 1:1 на свој терен во реваншот против Порто со што ги одбрани минималните 1:0 од првиот дуел минатата седмица. Лион поведе по противнападот преку Дембеле во 13 минтуа, а на 1:1 израмни Пепе се прекрасен шут во 27 минута. И покрај големиот притисок во продолжението, Порто не успеа да постигне упште еден гол кој би го одвел натпреварот во дополнителниот половина час.

Но продолженија се играа во Лондон во дуелот меѓу Вест Хем и Севилја. Весте Хем, кој со пласманот осминафинелето го оствари најголемиот клупски успех во историјата во европските натпреварувања, сега отиде и чекор подалеки совладувајќи го шесткратниот победник во Лига Европа, шпанска Севилја. Вест Хем славеше со 2:0 по продолженијата, надоместувајќи го поразот од 0:1 по првиот меч. Во текот на регуиларните 90 минути мрежата на Севилја ја погоди Соучек кој во 39 минута правовремено натрча на нафрлувањето на Антони гаѓаше со глава, за во продолжението „Чеканите“ да ја обезбедат конечната победа преку Ермоленко кој најбрзо реагираше на одбиена топка во 112 минута по обидот на Форналс.

Во Франкфурт домашниот Ајнтрахт секунди го делеа од пласманот по 90-те минута, бидејќи ги одржуваше 0:0 што со победата од 2:1 од првиот меч во Севилја над Бетис му гарантираше минување. Но во 90 минута Фекир се проби по левата страна и нафрли во петерецот на домашните каде што Иглесијас реагираше побрзо од двајцата домашни стопери и погоди за водство на Бетис и две продолженија. Сепак, на самиот истек на продолжувањата Анјтрахт преку Хинтерегер стаса до погодокот кој го одведе во четвртфиналето. Костиќ нафрли во казнетиот простор на гостите од слободен урад, гостинскиот голман Руси Силва погреши во истрчувањето, а Хинтингер со многу среќа со рамо ја испрати топката во мрежата.

Со елиминациите на Севилја и Бетис, градот домаќин на годинешното финале на Лига Европа – шпанска Севилја остана без претставник во ова натпреарување.

Претходно во четвертокот Аталанта и во реваншот го совлада Баер од Леверкузен, по 3:2 од првиот меч пред една седмица во Бергамо, во реваншот италијанската екипа славепе со 1:0. Иако Баер напаѓаше во текот на целиот натпревар, не успеа да постигне погодок со кој би го израмнил вкупниот резултат, а казната стаса во првата минута од судиското продолжение кога Бога ѝ побегна на домашната одбрана и откосо ја погоди мрежата.

Брага во реваншот на осминафиналето ја одбрани предноста од 2:0 против Монако од првата средба во Португалија, во реваншот во Монте Карло беше 1:1. Брага во водство ја доведе Абел Руиз во 19 минута кога неговиот не толку опасен удар од дистанца домашниот голман Нубел го пропушто во мрежата, а конечните 1:1 ги постави Дисаси во 90 минута со удар со глава по изведениот корнер.

Глазговски Ренеџерс во Белград против Црвена ѕвезда успеа да ја одбрани големата предност од 3:0 остварена пред седум дена на домашен терен. Белграѓаните рано, во 10 минута поведоа со голот на Иваниќ, но премногу отворената и офанзивна игра на Ѕвезда ја оскористија Шкотите во 56 миита кога Кент од 15-ина метри го погоди блокот на Драговиќ и го измани Борјан за 1:1. Домашните сепак успеаја да остварат победа на простувањето од европската пролет сезонава, а стрелец од пенал беше во третата минута од судиското продолжение Бен.

Доста интересно беше во Истанбул, каде што Барселона успеа со пресврт да дојде до победа од 2:1, што по 0:0 од првиот меч дома и беше доволно за минување. Галатасара поведе во 28 минута преку Маркао кога беше највисок во скокот пред гостинскиот гол по корнер. Но само девет минути подоцна Педри израмни по убавото проигрување од Феран Торес. Победата на Барса и ја обезбеди Обамејанг во 49 минута по додавањето од Френки де Јонг.