Германскиот канцелар Олаф Шолц предупреди во четвртокот вечерта дека не смее да се прави поистоветувањео на Русија и рускиот народ со претседателот Владимир Путин,.
„Рускиот народ не ја донесе одлуката за напад на Украина. Ова војна е војна на Путин“, рече Шолц на настанот организирана од левичарската фондација Фондација Фридрих Еберт во чест на социјалдемократскиот политичар Егон Бар по повод стогодишнината о неговото раѓае.
„Ова раликување е важно. Важно е за да ен се загрози помирувањето меѓу Германците и Русите по Втората светска воја“, истакна Шолц во уште еден настап на западен политичар во кампањата да се предизвикаат негативни масовни реакции против Путин во самата Русија што засега изостанува.
Според Шолц, тоа исто така е важно и за заедничкиот живот со Русите и Украинците во Германија.
„И важно е да им се покаже една работа на храбрите Руси и Русинки кои излегуваат на улиците со големи лични ризицит протеистирајќи против агресивната војна на Путин: Не сте сами, ние сме со вас“, рече германскиот канцелар.
Шолц ги открива и западните планови во иднина додавајќи дека „таа поинаква Русија е основа на германско-руските односи во иднина“.
Социјалдемократскиот политичар Егон Бахр, кој почина во 2005 година, се смета за идеен творец на политиката на поранешниот контроверзен германски канцелар Вили Брант, позната како „Источна политика“ (Ostpolitik), која резултираше се договори со поранешната Источна Германија, Полска и Советскиот сојуз.