Oд 20 март Џаферовиќ ќе претседава со Претседателството на БиХ

Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ на 20 март ја презема функцијата претседавач, соопшти денеска Претседателството на БиХ.

Џаферовиќ ќе претседава со претседателството во следните осум месеци.

Неговото именување е по принципот на ротација и тој ќе го замени досегашниот претседавач Жељко Комшиќ.

Ротацијата на членовите на Претседателството на функцијата претседавач е утврдена со Уставот на БиХ.