Во петокот рано утрото околу 04.20 часот кај Транспортен центар во Скопје од полициски службеници од ЕВР Кисела Вода бил лишен од слобода 37-годишниот Т.А. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во патничко моторно возило.
Тој во вторникот во раните попладневни часови, меѓу 14.30 до 15.30 часот на подрачјето на Кисела Вода со употреба на сила и погоден предмет од автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки одзел повеќе предмети и документи.
По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.