
Конкретно за источниот и западниот регион за кој денес објавивме дека веќе е усвоена физибилити студијата, значи се работи за 63 општини и претходно 17 од скопскиот регион, ние усвоивме акционен план со припремна документација за сите општини во Република Македонија. Очекуваме во септември да биде подготвена целокупната тендерска документација и тогаш да биде објавен и јавниот повик. До крајот на годината очекуваме заинтересираните компании да ги достават своите технички понуди и доколку има заинтересирано компании во првиот квартал од 2015 години или во текот на првата половина од 2015 би се склучил договорот.
Ова во вестите на Канал 5 го истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој го објасни процесот како ќе се одвива гасификацијата и кој се ќе има корист од истата.
Министерот додаде дека согласно акцискиот план кој го има изработено Владата, се очекува првата година идниот партнер да ја припреми целокупната докуметација и потоа во рок од четири години да ја заврши потребната инфраструктура што ќе биде дел од неговиот договор.
-Ако се оди добро и ако има интерес од компаниите во 2015 би се склучил договорот, 2016 ги започнала градбата и во 2020 би завшил целокупниот процес за изградба на дистрибутивна гасификациона мрежа, со тоа што и од 2016 година ќе ги имаме првите корисници на дистрибутивната мрежа, нагласи Јанакиески.
Во однос на измените во Законот за градење, Јанакиески истакна дека се става обврска за сите идни инвеститори да мора да предвидат приклучок за гасификациона мрежа.
-За постарите објекти ќе треба дополнителна инвестиција да се направи за приклучок на тие објекти. Во однос на наплатата, идниот концесионер ја превзема обврската да изврши наплата на средства врз база на реално потрошена количина на гас, потенцираше министерот за транспорт и врски.
Целосното гостување на Јанакиески во вестите на Канал 5 може да го погледнете во видеото во продолжение.