
Фудбалерите на минхенски Баерн во саботата во рамките на 27-то коло од германското првенство со 4:0 го совладаа Унион Берлин повторно зголемувајќи ја предноста на врвот на седум бодови пред Борусија од Дортмунд.
Баварците немаа никави проблеми со гостите од Берлин, а во стрелците се впишаа Кингсли Коман во 16, Тангуи Куасо во 25 а двапати погоди Роберт Левандовски, во 45 минута од пенал и две минути подоцна од игра.
Со тоа Левандовски петта сезона со ред постигнува најмалку 30 голови, нешто што му успеваше претходо само на Герд Милер, кој исто така настапуваше за минхенски Баерн.
Баерни притив Унион го одигра својот 1935-ти натпревар во Бундеслигата, со што на листата на сите времиња го мина претходно водечкиот Вердер од Бремен 1.934, кој испадна лани од елитното натпреварување.
Баерн остана прв на табелата со 63 бодови, седум повеќе од второпласираната Борисуја Дортмунд која има и меч помалку. Унион Берлин моментално е осми со 38 бодови, и може да назадува едно место на табелата.
Со идентитечeн резултат од 4:0 ја совлада Мајнц дома Арминија. Домашните поведоа уште во 1 минута со колот на Јонатан Букадр а следните три гола беа всушност реализирани пенали и тоа Букард во 75, Муса Биакате во 65 и Маркус Ингвартсен во 79 минута.
Мајнц сега е деветти со 37 бодови од 26 кола, колку што има и десеттиот Ајнтрахт од Франкфурт со ист број натпревари. Арминија остана претпоследна 17-та со 25 бодови вод помалку од зоната на опстанок.
Најинтересен дуел, со пресврти, во саботата беше одигран во Штугарт каде домашните во финишот успеа да го совлада Аугсбург со 3:2. Гостите поведоа преку Андре Хан во 6 минута, домашните израмнија во 44 минута преку Валдемар Антон но веќе во следната минута повторно Аугсбург во водство го донесе Михаел Грегоритш. Штутгарт го направи победничкиот пресврт со головите на Омар Мармуш во 79 и Тиаго Томас во 85 минута.
По овој дуел Штутгарт и Аугсбург сега се бодовно израмнети со 26, на 14-то односно 15 место, со тоа што Аугсбург има и меч помалку.
Херта беше убедлива со 3:0 пред своите навивчи во дуелот со Хофенхајм, а стрелци беа Нилас Старк во 29, Ишак Белфодил во 63 и Лукас Тусар во 74 минута.
Со оваа победа Херта дојде до 26 бодови и излезе од зоната на директно испаѓање од Бундеслигата и е 16-та од позиција кој води во плеј-оф за опстанок. Хофенхајм остана на 44 бодови и е шести од позиција од која игра во Европската конференциска лига и пропушти шанса со победа или реми барем до недела да го мине РБ Лајпцг кој е место погоре на табелата кое води во Лига Европа.
Четвртата позиција, последната која води во Лигата на шампионите, сѐ уште ја чува Фрајбург со 45 бодови но во саботата киксираше ремизирајќи без голови на гости кај одамна отпишаниот Гријтер Фирт кој сега го оствои само 15-от бод сезонава.