
Во пресрет на Денот на АРМ, 18 август, денес на воениот стадион во градскиот парк во Скопје ќе биде поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на Армијата на Република Македонија.
Изложбата ќе се одржи од 9 до 17 часот. На неа ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Горанчо Котески.
Од Министерството за одбрана и Генералштабот известуваат дека покрај материјано – техничките средства, борбени возила и вооружувањето на АРМ, ќе биде прикажан и транспортниот хеликоптер МИ-8/17. Изложбата е отворена за сите граѓани на Република Македонија.