Словачка започна со распоредувањето на противракетниот систем „Patriot“

Американскиот противракетен систем „Patriot“ започна да пристигнува во Словачка од партнерските земји во НАТО и неговото респоредување ќе продолжи следните денови, соопштија во неделата од словачкото министерство за одбрана.

Со овој систем ќе управуваат германски и холандски војници, како што беше и во Турција до почетокот од војната во Сирија, и во прво време ќе биде распореден на аеродромот Слиач во центарот на Словачка за да придонесе во зајакнувањето на источното крило на НАТО, започнато уште пред руската операција во Украина.

Покрај тоа, системот „Patriot“ ќе биде дел од новата борбена група на НАТО во Словачка, којашто граничи со Украина.

„Среќен сум што можам да потврдам дека првите единици задолжени за распоредување на системот на противвоздушната одбрана „Patriot“ постепено пристигнуваат во Словачка“, објави на Facebook министерот за одбрана Јарослав Над.

Додаде дека овој ракетен систем ќе биде дополнување а не замена за советскиот систем С-300 кој Словачка го користи . Иако имаше идеи од САД членките на НАТО, па дури и за Турција која го има рускиот напреден систем С-400 да ги предадат на Украина.

Министертот Над минатата седмица рече дека Словачка би можела да ѝ го даде својот систем С-300 на Укриана, „ако и кога ќе добие соодветна замена“. Во неделата повтори дека Словачка бара замена за својот С-300 поради неговата застареност, перформансите и зависноста од Русија за негово одржување.

Русија, пак, ги предупреди сите земји да не ѝ испраќаат напредни системи за противвоздушна одбрана на Украина и се закани дека конвоите и складиштата со таквото оружје испраќани од Западот ќе бидат легитимни воени цели бидејќи претставуваат закана за нејзината безбедност.

„Системот привремено ќе биде распореден во воздухопловната база Слиач, за другите локации се разговара… така што безбедносниот чадор ќе опфати најголем можен дел од словачката територија“, додава министерот Над.