Борците на украинските паравојски бегаат од Мариупол со деца на кои им ги убиле родителите, тврди Русија

Борците на украинските паравоени националистички формации се обидуваат да го напуштат Мариупол прикривајќи се како цивили, изјави во понеделникот генерал-полковникот Михаил Мизинцев по состаникот на Меѓуресорскиот координативен штаб за хуманитарен одговор во Украина и началник на рускиот Национален центар за управување со одбраната.

Мизинцев потсетил дека претходно во неделата вечерта руското министерство за одбрана им понудило на украинските параформации кои се утврдени во јужниот пристанишен град да го напуштат Мариупол преку хуманитарен коридор кој го отвориле украинските власти, но без вооружувањето. Додал дека Киев ја одби ваквата понуда, но им наложил на борците да се евакуираат од Мариупол преправајќи се како цивили.

„Тие (властите во Киев) лицемерно им наложија на националистичките баталјони да го напуштат градот во помали групи преправајќи се како цивили, облечени во цивилна облека и користејќи ги сите можности, вклучително и преку хуманитарните коридори. Бандитете веднаш почнаа да ја извршуваат оваа наредба“, информирал Мизинцев.

Истканал дека се откриени случаи кога припадници на паравојската од ткн баталјон „Азов“ се обиделе да излезат од Мариупол криејќи се зад деца чии родители претходно биле убиени во борбите за градот. Прецизиал дека такви случаи биле забележани во неделата.

„Терористите од баталјанот Азов ги убиле родителите на две малолетни деца и, криејќи се зад истите тие деца, се обиделе да го возат автомобилот на истото семејство по куманитарниот коридор до Запорожје“, прецизирал Мизинцев.

Додал дека тие милитанти биле приведен од страна на руските војници и оти во моментов им се пружа психолошка и друга помош на децата.

Во неделата ноќта руското министерство за одбрана предложи отворање хуманитарен коридор од Мариупол по коридорите кои ги предлагаат властите во Киев, со можност преку нив да заминат од градот и невооружени припадници на „националистичките формации“. Украинската вицепремиерка и министерка за реинтеграција на неконтролирани територии на Украина, Ирина Верешчук, малку подоцна го одби предлогот Киев да ги повлече борците откако тие ќе го положат оружјето, потсетува Комсомольская Правда.