Генералното собрание на ОН утре треба да изгласа нова хуманитарна резолуција за Украина

Генералното собрание на ОН треба да се состане в среда во обид да се договори и изгласа нова резолуција за војната на Русија против Украина.

Дипломати укажуват дека иако беше најавено, не било сосема сигурно дека гласањето ќе се одржи. Според нив, целта е да се добијат најмалку 141 глас „за“ како што беше случајот со претходната резолуција со која беше осудена Русија поради воената интервенција.

Резолуцијата фокусирана врз хуманитарните последици од руската агресија врз Украина се очекува да биде широко одобрена во најголемото тело на ОН со 193 членки.

Во нацрт-документот на резолуцијата до кој дојдоа медиумите, меѓу другото, се бара „итен прекин на непријателствата од страна на Русија против Украина, особено сите напади врз цивили и цивилна инфраструктура“.

Исто така документот ја повикува Москва веднаш да ги повлече своите вооружени сили од Украина.