Текстилството излезе од кризата настаната поради коронавирусот

Заврши ковид кризата за текстилството. Во Европа расте побарувачката за текстилни производи, во Македонија се зголемува бројот на нарачките. Барањата се толку големи што во моментот тешко може да се задоволат. Една од причините е намалувањето на бројот на вработени лани, кога оваа индустрија беше во криза.

Сега кога има нарачки освен недостигот на работници и зголемените трошоци на струјата и енергенсите претставуваат сериозна пречка. Македонските компании бараат повисоки цени од своите партнери, но тие не го следат во целост растот на трошоците на производство.

По излезот од Ковид кризата дел од модната индустрија во Европа повторно е на удар, но сега поради војната во Украина. Таа сериозно ќе се почувствува во ЕУ и Велика Британија што само лани во Украина извезеле облека и текстил во вреднос од над 1,3 милјарди евра.

Сериозни штети трпи и турската текстилна и кожарска индустрија бидејќи само за една недела имаа откажани нарачки во вредност од 200 милиони долари.