Западните земји проценуваат дали Русија може да остане членка на групата Г20, којашто ја сочинуват најголемите светски економии, откако ја започна својата воена операција во Украина, соопштиле за Reuters во вторникот два извора вклучени во разговорите по ова прашање.
Веројатноста дека членки на групата Г20, меѓу кои се Кина, Индија, Саудиска Арабија и други земји кои одбија да се приклучат на западните санкции, ќе стават вето на исклучувањето на Русија од членството ги зголеми можностите за сценарио во коешто некои земји ќе ги прескокнат самитите на групата Г20, оцениле соговорниците на Reuters.
Групата Г20, заедно со помалата група сега Г7 од која беше искчлучена Русија а ја сочинуваат сега само САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Канада, Франција и Италија, е клучна меѓународна платформа за координација на дејствувањето по бројни прашања од климатските промени до прекуграничните долгови.
На Русија западните земји предводени од САД ѝ воведоа жестоки санкци врз нејзиниот финансиски и енергетски сектори со цел да ја изолира од глобалната економија, а најсилната мерка е исклучувањето од глобалниот систем за меѓународни плаќања SWIFT.
„Имаше дискусии за тоа дали е соодветно Русија да биде дел од Г20. Ако Русија остане членка, Г20 ќе стане помалку корисна организација“, рекол за Reuters висок извор од групата Г7.
Извор од Европската унија засебно ги потврдил разговорите за статусот на Русија на претстојните состаноци на групата Г20 со кој моментално претседава Индонезија.
„На Индонезија многу јасно ѝ е кажано дека присуството на Русија на претстојните состаноци на министирите би било многу проблематична за европските земји“, рекол соговорникот кој барал да остане анонимен, додавајќи дека не постои јасен процес за исклучување на некоја земја до групата.
Претходно во вторникот Полска објави дека им продолжила на американските трговски функционери токму таа да ја замени Русија во групата Г20, како и дека на тој предлог добила „позитивен одговор“.
Портпаролот на американското министерство за трговија рече дека минатата седмица бил одржан „добар состанок“ меѓу полското министерство за економски развој и технологии Пјотр Новак и американската министерка за трговија Џина Рајмондо.
„Меѓутоа, таа (Рајмондо) со задоволство ги слушна ставовите на Полска за бројни теми, вклучително и за делувањето на Г20, но не изрази став во името на американската влада во поглед на полскиот предлог за Г20“, рекол изворот.
Првиот извор на Reuters рекол дека не е веројатно дека Индонезија, Индија, Бразил, Јужноафриканската Република и Кина би го поддржале отстранувањето на Русија од групата Г20.
Доколку земјите од Г7 наместо тоа ги прескокнат годинешните состаноци на Г20, тоа би можело да биде силен сигнал за Индија, рекол соговорникот. Имено, Индија не ја осуди воопшто руската офанзива во Украина, што го критукуваа западните земји.
Рускиот статус во другите мултилатерални организации, исто така, се преиспитува со нескриено лобирање на САД. Претставници на Светската трговска организација (СТО – WTO) рекле дека наводно „бројни делегации одбиваат да се сретнат со руските колеги во разни формати“.
Извор на Reuters од неименувана западна земја рекол дека со руските претставници во СТО не сакаат да се сретнат земји членки на Европската унија, САД, Канада и Велика Британија во организацијата која има вкупно 164 земји членки.