Испраќање мировници на НАТО во Украина би било „многу непромислено“, предупреди Москва

Русија во средата го осуди „непромислениот“ предлог на Полска за испраќање мировни меѓународни сили на НАТО во Украина и предупреди дека тоа може да доведе до директен судир меѓу руските сили кои веќе се на боиштето и силите на Алијансата.

Варшава, којашто продолжува со антируските политики и во петокот најави протерување уште 45 руски дипломати, минатиот петок објави дека официјално на следниот самите на НАТО ќе поднесе предлог за наводна мировна мисија во Украина. Притоа не беше појаснето која би била вистинската задача и мандатот на таквите сили и во кои области на земјата би дејствувале.

Запрашан за иницијативата на Полска во средата, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков коментирапе дека „Тоа би било непромислена и извонредно опасна одлука“.

Песков во текот на редовниот брифинг преку телеконференција на новинарите акредитирани во Кремљ им рекол дека секој можен контакт меѓу руските и силите на НАТО „може да има јасни последици кои би било тешко да се поправат“.

Лидерот на полската владејачка партија Право и справедливост (PiS), Јарослав Качински, во Киев минатата седмица рече дека мисли „дека е неопходно да се има мировна мисија на НАТО и можеби некоја поширока меѓународна структура, но мисија којашто ќе може да се одбрани, којашто ќе дествува на украинска територија“.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, исто така, во средата го критикуваше таквиот предлог во обраќањето пред студентите и професорите на Московскиот државен институт за меѓународни односни.

„Тоа би било директен судир меѓу руските и вооружените сили на НАТО, кој сите не асмао што се обидуваа да го избегнат, туку и рекоа дека во начеко не би требало да се случи“, рече Лавров.