
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се огласи на социјалните мрежи, каде рече дека милиони Украинци секој ден се докажуваат како херои.
„Милиони наши луѓе постојано се докажуваат како херои. Некогаш – обични Украинци, а сега – борци“, рече Зеленски.
Тој рече дека мажите и жените застануваат во одбрана на државата. Насекаде: на југ, на исток, на север, во центар, на запад и во странство.
„Се креваат за да не верува непријателот дека е тоа реално“ – напиша тој, со слики на украински граѓани од улиците.