
Три четвртини, односно 74 отсто, од Русите веќе ја поддржуваат „специјалната воена операција за демилитаризација и денацизација“ во Украина, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мениени спроведно од инстутутот ВЦИОМ објавени во средата.
Така, ако на 25-ти февруари, само 24 часа откако руската војска влезе во Украина, 65 отсто од испитаниците ја подржувале одлуката на руските власти, по три седмици овој показател покажувал раст за 9 процентни поени, односно до 74 отсто. Истовремено, 17 отсто од испитаниците се определиле за одговорот „Попрво не ја поддржувам“, со што за три седмици овој показател бележи пад за 8-процентни поени, пренесува агенцијата РИА.
Во анкетата на испитаниците им било поставено прашањето и за тоа што мислат за целите за воената операција.
Притоа 46 отсто од нив се одлучиле за опцијата „Заштита на Русија, разоружување на Украина и спречување на НАТО таму да воспостави свои бази“. Додека 19 отсто од испитаниците сметаат дека Русија сака да го „Промени политичкиот курс на Украина и да ја исчисти од нацистите“, а 17 отсто да го „Заштити населнието во Донбас“. Најмалку, или 5 отсто, се опредиле за варијантата „Да ја окупира Украина и да ја припои кон Русија“.
На 24-ти февруари започна настапување на руските војски во соседната Украина, а целите според претседателот Владимир Путин се „заштита на луѓето кои осум години беа подложени на тормозења и геноцид од страна на режимот во Киев“, како и „јасните индиции“ дека украинската војска во март подготвува напад врз побунетите проруски региони на истокот од земјата. Притоа рускиот челник повеќепати повтори дека целта е и уништувања на воената инфраструктура во Украина коијашто може да претставува закана за Русија, како и елиминирање на паравоените формации составени од украински ултранационалисти и неонацисти. Путин, исто така, изјавуваше дека руската војска не напаѓа цивилна инфраструктура и дека целта не е да се окупира Украина.
Анкетата на „ВЦИОМ-Спутник“ била спроведувана телефонски на целата територија на Русија на 17-ти март и со неа биле опфатени 1.600 полнолетни Руси. Маргината на можна грешка, не надминува 2,5 отсто, се наведува во информацијата.