Танцовото студио ЕУРЕКА со хуманитарната акција #СекоеДетеЗаслужува

Училиштето за танци кое веќе 20 години успешно едуцира и воспитува повеќе од 200 деца и млади годишно, не само во областа на танцот туку и на секое поле во животот, уште еднаш ја покажа големината и хуманата мисија по која чекори секојдневно и неуморно. И не потсети дека и младите се задолжени за убавите нешта во нашиот град.

Оваа пролет членовите на студиото и нивните родители, на иницијатива на одговорните лица организираа голема хуманитарна акција донирана на 23.03.2022 во ДСУ за рехабилитација и образование “ Св. Наум Охридски “ – Скопје. Каде живеат и учат околу 20 средношколци со посебни образовни потреби. Донирани се вкупно 521 парче, од кои: Средства за лична хигиена – 266 парчиња; oблека и обувки – 199 парчиња; додатоци – 56 парчиња.

Целта е и повеќе јасна, без особен повод со мотото Секое дете заслужува се обидуваме да ги едуцираме и насочиме новите генерации дека секој ден е добар ден да помогнеме некому.

Еурека ги постави темелите на инклузијата во танцот, и константно се обидува да даде одговори на долгогодишни прашања и да понуди нов вид на инклузија. Применлива, прифатлива и одржлива инклузија. Членовите на Еурека имаат можност да се развиваат и докажат себе си, но истовремено да ја искачат заедницата едно скалило повисоко.

Децата заслужуваат еднакви можности и услови, а Еурека е континуиран учител дека големината на човекот е во малите нешта, а ние добиваме исклучиво кога подаруваме и помагаме.