Борел тврди дека Русија засега не ја интересираат преговори за прекин на огнот во Украина

Руската влада во моментов не ја интересираат преговорите за прекин на огнот во Украина, бидејќи нејзината војска не ги постигнала сите воени цели, тврдепе во четвртокот високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унијја, Жозеп Борел.

„Русија во моментов не сака да седне и да поразговара, туку сака да ја окупира територијата. Саја да го опколу брегот до границата со Молдавија и да ѝ оневозможи на Украина изелз на море. Дури кога ќе заземе посилна позиција ќе сака да влезе во сериозни преговори“, изјави Борел во интервјуто за шпанската телевизија TVE.

Рускиот претседател Владими Путин ја испратил војската во Украина под изговорот дека станува збор за „специјална воена операција“ чијашто цел е демилитаризација и денацизација на соседната држава. Украина и Западот, пак, тврдат дека Русија без повод ја започнал војната, иако Москва повеќепати објави дека воено интервенирала поради спасување на животите на руското население во отцепената источна украинска област Донбас бидејќи рапослагала со сигурни информации дека Киев во март планира воено решавање на осумгодишниот конфликт со руското и проруското население во земјата.

„Европската унија и нејзините сојузници ќе продолжат да ѝ помагаат на украинската војска. Тоае многи важно, бидејќи следните 15 дена се пресудни“, рече Борел и додаде деак „отпорот на Украинците ќе влезе во историјата“.