Руското гранатирање на хемиски погони во Украина може да предизвика „катастрофа од големи размери“, предупреди словенечкиот премиер Јанез Јанша на почетокот на специјалниот самит на НАТО.
– Загрижени сме кога гледаме дека руските сили гранатираат хемиски постројки и слични објекти. Ова може да предизвика катастрофа од големи размери – рече тој.
Тој додаде дека не мисли дека руската војска намерно ќе користи хемиско или биолошко оружје од тактички причини, додавајќи дека тоа би било „многу немудро“.