Стрелецот на победничкиот гол во натпреварот со Италија, Александар Трајковски, потоа Енис Барди и селекторот Благоја Милевски, на мала свеченост во 11 часот во Министерството за надворешни работи ќе добијат дипломатски пасош. Ова го соопшти министерот Бујар Османи.
-Тројцата денес се најважните наши амбасадори и се заслужни со нивните успеси. Јас им посакувам успех и на средбата со Португалија, изјави Османи.
Двајцата фудбалери и селекторот своите дипломатски пасоши ќе ги добијат по брза постапка и веќе во 12.30 часот ќе ги имаат во свои раце.