-0.2 C
Skopje
петок, ноември 8, 2024

Македонија се приклучи кон Платформата на ЕУ за заедничко купување на течен гас и хидроген

Како резултат на политиката на солидарност, Северна Македонија се приклучува кон Платформата на ЕУ за заедничко купување течен гас и хидроген, напиша на Фејсбук претседателот на владата Димитар Ковачевски.

-Преку колективно настапување на пазарот, целта е да се обезбеди пониска цена за гас. Во ова време полно предизвици заедничката стратегија „заедно сме посилни“ дава резултати. Благодарност до ЕУ што во време на енергетска криза донесе одлука Северна Македонија да стане дел од оваа платформата за заедничко купување течен природен гас како дел од стратегијата за справување со последиците од руската агресија врз Украина, истакна Ковачевски.