Украина обвини дека Русија гаѓа постројки за нуклеарни истражувања во Харков, ракетиран и Лвов

Руските сили гаѓаат во саботата постојки за нуклеарни истражувања во Харков, објави на Twitter Врховната Рада (украинскиот парламент), а четири ракети го погодиле Лвов, во западна Украина, соопштија локалните власти.

„Во моментов е невозможно да се проценат размерите на штетите поради непријателствата кои не престануваат во областа на нуклеаната постројка“, се неведува во објавата на Државниот инспекторат за нуклеарна регулатива.

Мрежната интернет страница на оваа украинска агенција не наведува никакви други поединости за нападот, пишува Reuters.

Претходно во март руските гранати го погодиле и теренот на Институтот за физика и технологија. Главниот директор на таа институција тогаш изјави дека јадрото во коешто се наоѓа нуклеарното гориво остало недопрено.

Москва, меѓу другите оправдувања за својата офанзива во соседната земја рече и дека тврдењата на украинскиот претседател Владимир Зеленски за амбицијата неговата земја да добие статус на нуклеарна земја, искажани во февраури во рамките на Минхенската безбедноста конференција, не биле случајни и тоа можело да се оствари во многу скора иднина.

Податоците кои биле достапни на СВР (руската агенција за надворешно разузнавање) сведочеле дека истражувања и развој за создавање нуклеарен експлозивен уред, кој подоцна би можел да се користи за дизајнирање нуклеарни боеви глави, биле изведувани со ураниуми и со плутониум и притоа се потенцира дека научната заедница на Украина е доволно компетентна за да создаде уреди и од двата вида.

Според истиот извор, во контекстот на растечките тензии во односите со Русија пред почетокот на офанзивата на 24-ти февруари, украинското водство одлучило да ја уништи или евакуира целата важна документација складирана во научните центри во Киев и во Харков во Националниот политехнички универзитет во Лвов.

Од почетокот на руската офанзива, Лвов кој е на 60 километри од границата со Полска, досега не беше напаѓан од руската војска. Според гувермерот Максим Козицкиј, во саботното бомбардирање биле ранети пет лица. Две ракети погодиле складишта со горива, а уште две подоцна погодиле воена фабрика.

Претходно Козицкиј извести за силни експлозии во источно предградие на Лвов. „Останете во засолништата! Не излегувајте на улиците!“, ги предупреди сограѓаните по првото ракетирање.

Западните медиуми истакнуваат дека ракетите го погодиле Лвов во времето кога американскиот претседател Џо Бајден, држејќи го својот говор во полската престолнина Варшава ја осуди руската агресија и ја уверуваше Украина на непоколебливата поддршка од САД.

„Со денешните напади агресорот му испраќа поздрави на претседателот Бајден кој е во Полска“, рече за новинарите градоначалникот на Лвов, Ондриј Садовиј додавајќи дека ракетите биле истрелани од Севастопол на Крим, кој во март 2014 година по превратот во Киев се присоедини на Русија.

Руското министерство за одбрана не го коментираше веднаш во саботата ракетирањето на Лвов. Москва својата офанзива ја нарекува „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизација“ на Украина, а ја оправдува со запленетата документација која укажува на постоење биолаборатории за испитување опасни патогени и хемиски отрови како и на активности за развој на нуклеарно оружје.

Градските власти во Лвов не објавија прецизни податоци за местата на кои паднале ракетите, но наедува дека е оштетена „важна инфрасруктура“, дека е запален склад за горива и оти се разнесени прозорските окна на училишна зграда. Градоначалникот Садовик рече дека не е погоден ниеден станбен објект.

Шефот на кабинетот на украинскипот претседател Ондриј Ермак изјави дека овие напади покажувале оти Русија сака да ја заплаши Украина и странските дипломати кои своите амбасади ги преместија во Лвов уште пред 24-ти февруари поради релативната безбедност на градот до однос на главниот град Киев.

„Украина дефинитивно не треба да ја плашат ваквите руски злосторства, а на своите западни партнери сакам уште еднаш да им порачам – затворете го небото, покажете смелост“, објави Ермак на Telegram.

Со својата порака алудираше на постојаното барање на Украина од САД и НАТО да прогласат зона забранета за летање, по примерот на Либија од 2011 година. Но Вашингтон и Брисел ја отфрлија таквата опција, порачуваќки дека тоа би довело до директна конфронтација меѓу НАТО и Русија.