ВИДЕО| Ериксен стрелец за Данска 288 дена по срцевиот удар

Во подготвителниот натпревар во Амстердам, Холандија со 4:2 ја порази Данска, а гол за гостинската селекција во својот повратнички меч постигна Кристијан Ериксен.

Ериксен стана стрелец во првиот допир со топката две минути по влегувањето во игра како замена во натпреварот против Холандија, 288 дена откако доживеа речиси смртоносен инфаркт на теренот на дуелот од Еропското провенство против Финска.

Ериксен колабираше минатата година на стадионот „Паркен“ во Копенхаген и потоа мораше да вгради урад за регулирање на работата на срцето. Тоа доведе до завршување на неговиот настап за милански Интер, бидејќи италијанската Серија А не им дозволува настапи на играчите со такви уреди.

Триесетогодишниот Ериксен кој на 26-ти февраури ја продолжи својата клупска кариера во англискиот премиерлигаш Брентфорд, го впиша својот 110-ти настап за репрентацијата на Днакса, а го постигна вториот гол за 2:3 во 48 минута од мечот.

Во ревијата голови на „Кројф Арената“ за расположените Холанаѓани двапати погоди Стевен Бергвијн во 16 и 71, а по еднаш Натан Аке во 29 и Мемфис Депај во 38 минута, додека првиот гол за Данска го постигна Јаниг Вестергаард во 20 минута.

Шпанија во Корнела ел Прато ја победи Албанија со 2:1, а тоа беше првиот натпревар на „Црвената фурија“ во Каталонија по цели 18 години. Шпанците ја кршеа Албанија цели 75 минути додека не погоди Феран Торес, Албанците набрзи во 85 минута израмнија преку Мирто Узуни, а победата на домашните им ја донесе Дани Олмо во 90 минута. Шпанија во вторник во Ла Коруња ќе одигра уште еден пријателски дуел против Исланд.

Германија во Зинсхајм го поебеди Израел со 2:0 со головите на Каи Хаверц во 36 и Тимо Вернер во првата минута од судиското продолжене. Претходно во 90 минтуа Томас Милер од пенал ја погоди стативата.