
Видеоагенцијата Ruptly објави кадри од испразнети рафтови во продавници во германскиот град Штутгарт, а на некои од нив се поставени пораки и упатства за потрошувачите.
„Ве молиме воздржете се од коментари“, гласи една од таквите пораки.
Таков апел бил ставен под пораката за ограничување за купување на повеќе исти продукти одеднаш. Во друга продавница, пак, новинарите пронашле и натпис кои ги известува купувачите за воведување на таквата мерка.
Во прилогот за забележува дека жителите на Штутгарт соочувајќи се со недостиг од некои прехранбени продукти, ги испрзниле рафтовите со брашно, теститени и масло за јадење.
Американскиот претседател Џо Бајден претходно седмицава отворено зборуваше за можната криза со храната во Европа. Според него, не само Русија, туку и „други земји“ ќе ја платат цената за западните санкции воведени против Москва поради нејзината офанзива во Украина. Русија таквите санкции го нарече „невидена досега економска војна“ и порача дека ќе се справи со нив преку стотина мерки за да се ублажи ударот врз граѓаните.