Талибанското министерство за поттикнување на доблестите и спречување на пороците во неделата нареди сите паркови за забава дека мора да спроведат сегрегација на посетителите според полото, што значи дека семејствата повеќе не можат да одат заедно на тие места.
Според распоредот кој го направило споменатото министерство, жените може да одат во забавните паркови во главниот град Кабул и околината од недела до вторник и притоа ќе мора да носат хиџаб, традиционална исламска прекривка за жените, додека мажите ќе може да се забавуваат на тие места од среда до сабота.
Талибаните претходно во средата на неодредено време го забранија отворањето на средните училишта за девојки, а таквата одлука предизвика протести на наставничките, ученичките и активистките за женски права.
Во петокот повеќе десетици жени биле задржани на аеродромот во Кабул и не можеле да стасаат на нивните летови, бидејќи ни биле придружувани од маж.
„Половиот апартхејд во Авганистан зема замав на заструшувачки начин“, изјави Хетер Бар од организацијата Human Rights Watch (HRW).