Макрон по изјавите на Бајден за Путин предупреди на „ескалација со зборови“

Францускиот претседател Емануел Макрон во неделата коментирајќи ги изјавите на американскиот претседател Џо Бајден кој меѓу другото рускиот претседател Владимир Путин го нарече „касап“, предупреди на „ескалација со зборови и акции во Украина“ и порача дека Европа не е во војна со рускиот народ.

„Мислам дека треба да се потпреме на фактите и да направиме сѐ за ситуацијата да не излезе од контрола. Јас не би го користел тој вид изрази, бидејќи настојувам да разговарам со претседателот Путин“, рече Макрон за телевизискиот канал France 3.

Бајден во саботата при посетата на центар со украински бегалци во Полска оцени дека војната во Украина е „стратешка грешка на Русија“ за Путин рече дека е „касап“. Но американскиот претседател уште пред една година го нарече рускиот колега по должност „убиец“ а потоа и „воен злосторник“, а Белата куќа постојано даваше појаснување на таквите недипломатски искажување на Бајден.

Макрон, коментирајќи ги изјавите на Бајден за Путин рече дека сака „без војна да ја запре војната која Русија ја започна во Украина“.

„Направивме избор да не интервенираме во конфликтот со воени средства…“, рече Макрон и додаде дека е потребно да се постигне прекин на огнот, а потоа и целосно повлекување на руските војници од Украина.

„Ако го сакаме тоа, нема потреба да ја ескалираме ситуацијата, ниту со зборови, ниту со дејствија. Ние, Европејците, не смееме да ја забораваме нашата географија и историја. Ние не сме во војна со рускиот народ“, заклучи францускиот челник и порача дека Европа не е повеќе во контекстот на Судената војна меѓу Вашингтон и Москва.

Макрон, исто така, рече дека со Путин ќе разговара во понеделник или во вторник, за без одложување да биде организирана евакуација на жителите на Мариупол, со помош на Турција, Грција и хуманитарни здруженија и соработа на украинските власти и градоначалникот на градот.

Според бројките кој ги изнесе украинската власта на јужниот град Мариупол, досега загинале 2.000 цивили. Претседателот Владимир Зеленски објави дека околу 100.000 луѓе сѐ уште се блокирани во градот на Азовското Море.

Русија во неделата објави дека е заземен аеродромот на Мариупол, како и дека во градот се водат улични борби и оти половината од градот е под контрола на нејзините сили, а украинските сили и странските платеници се обидуваат да се извлечат од градот. Москва претходно ги обвини припадниците на злогласниот баталјон „Азов“ составен главно од приврзаници на крајно десничарските фракции од западна Украина, ги држеа околу 450.000-те жители на градот како жив ѕид и оти намерно своите позиции ги поставувале во станбени населби крај или во чувствителна цивилна инфраструктура, како и дека го разорувале градот за да ја обвинат руската војска и силите на самопрогласената проруска „република“ Донецк.