Ковачевски пред заминување влезе во авионот на фудбалерите и им вети премија од половина милион евра, како дополнителна мотивација за пресметката со фаворизираните Португалци
„Вие сте најсветлата точка на Македонија во моментов, цела Македонија ве чека на плоштат, а владата со драго срце ќе издвои награда од 500.000 евра за пласманот во Катар. И ова досега е успех, не знам како, но победете ги Португалците. Знам дека можете“, им се обратил Ковачевски на фудбалерите.
Владата на Македонија на фудбалерите им даде иста ваква награда пред година ипол кога Макеоднија во Тбилиси успеа да победи и да го завери првиот историски настап на едно големо натпреварување, Европското првенство на кое ланското лето дебитиравме.