Трас вели дека санкциите може да бидат укинати ако Русија се повлече, за медиумите тие се стапица

Санкциите против руските компании, банки, енергетски систем, политичари и милијардери, би можело да бидат укинати доколку рускиот претседател Владимир Путин ги повлече своите сили и се обврзе дека нема повторно да нападне, изјави во неделата британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

„Санкциите би можело да бидат укинати единствено по целосен прекин на огнот и повлекување, но и со обврска дека нема да биде повторени агресии. И, секако, санкциите можеме во спротивно да ги вратиме“, вели Траск.

Германската агенција DPA толкува дека, бидејќи „руските сили се мачат“ во Украина, изјавата на шефицата на британската диплматија „би била поттик за Путин да го намали своите загуби и да се согласи на договор со Украина“. Исто така, се наведува дека наводно Москва по еден месец војна „сигнализирала дека би можела да ги намали своите амбиции во Украина и да се бори само за контрола врз (доминантно руската и рускојазична источна украина) Донбас“.

Трас во разговорот за The Sunday Telegraph изјави дека во британското министерството за надворешни работи е формирана „преговарачка единица“ за помош во мировните преговори. Нејзините изјави се во согласност со изјавите на американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој изјави дека санкциите „не се трајни“ и дека можат да „исчезнат“ доколку се случи трајно повлекување на руските сили од Украина.

Истовремено во неделата британскиот весник The Guardian објави авторски текст во кој се анализира дека санкциите коишто САД и нивните сојузници ѝ ги наметнаа на Русија поради офанзувата во Украина, ќе претставуваат своевидна стапица за нив.

„Важноста на Русија за целиот свет ги надминува нејзините димензии како 11-та според обемот економија во светот. Преориентацијата на рускиот извоз на нафта, гас и јаглен од САД и ЕУ кој азиските увозници ќе претставува голем економски шок“, се наведува во написот.

Коментирајќи ја одлуката на Русија да воведе плаќање на рубљата за енергенсите за земјите кои ѝ воведоа санкции, авторот на написот изразува уверување дека високите цени на енергијата ќе ги вратат инвестициите во индустријата за екстракција на сировините, ризикувајќи да се смени трендот кон преминување на планетата кон чистата енергија.

Русија, се потсетува уште во написот, е извор и на некои од најпотребните и ретки минерали. Покрај тоа, повеќе од 25 африкански земји увезуваат повече од една третина од потребната пченица од Русија.

„Вашингтон моќ да изврши притисок врз глобалниот финансиски систем, но САД честопати не успеваат да ги определат целите“, се додава во написот. Истовремено во текстот на The Guardian се истакнува дека Русија поради санкциите ќе биде принудена и ќе се сврти кон развивање нови технологии и благодарение на нив да излезе од „геополитичкиот кафез“.