
Русија, согласувајќи се да преговара со Украина, ѝ дава шанса на дипломатијата но не би сакала да ги види западните земји како посредници, бидејќи „тие веќе си го кажаа своето“ и не може да им се верува, изјави во понеделникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Сега ни велат ‘дајте шанса на дипломатијата’. Се разбира, сакаме да ѝ дадеме шанска на дипломатијата. Затоа и се согласивме на преговорите кои продолжуваат во Истанбул“, рече Лавров во интервјуот за српските медиуми.
Но шефот на руската дипломатија потсети дека во минатото имало многу примери кога дипломатските постигнувања биле „разурнати“ од неговите западни колеги.
„Сега не може да им се верува (на Западот). И не би сакал да видам никакви ‘шатели’ од нашите западни колеги, бидејќи тие веќе ги испратија своите; во февраураи 2014 година во Украина и во февраури 2015 година во Минск“, рече Лавров.
Лавров алудираше на фактот кога во февраури 2014-та, Европската унија, преку тогашните шефови на дипломатиите на Германија, Франција и Полска се јави како гарант на договорот меѓу тогашниот украински претседател Виктор Јанукович и опозицијата која протестираше на ткн Евромајдан, со кој беа договорени уставни измени со намалување на претседателските избори и вонредни избори во мај таа година. Но веќе во март со насилните протести во Киев поддржани од Западот беше изведен преврат во парламентот и преземена власта. А тоа се случи недолго отоа откако на интернет „протече“ разговор на сегашната американска заменичка на државниот секретар Викторија Нуланд во кој таа погрдно и со омаловажување се изрази за улогата на ЕУ во решавањето на кризата во Киев.
„Тоа беше врвот на дипломатијата, и следното утро опозицијата (во Украина) плукна врз оваа дипломатија, а ЕУ беше принудена тоа да го проголта. А потоа дипломатијата достигна нови височини, во февраури 2015-та во Минск беа потпишани договори кои ја запреа војната на истокот од Украина и го отворија патот за обновување на територијалниот интегритет на Украина со давањето на специјалниот статус на Донбас“, потсети Лавров.
Шефот на руската дипломатија всушност потсети дека во рамките на ткн Нормандиска четворка – Украина, Русија, Германија и Франција во белоруската престолнина беше потпишан договорот со кој на одметнатите доминатно руски и рускојазични региони Донецк и Луганск им се дава специјален статус, во однос на враќањето на претходно укинатиот статус на рускиот јазик како официјален, избирањето на локалните власти и формирањето сопствени сили за одржување на редот. Но властите во Киев никогаш не ги спроведоа неопходните уставни и законски промени, а Москва ја обвинува ЕУ дека не извршила или не сакала да изврши притисок врв украинските власти да го спроведат ткн Мински договор 2.
Лавров напомна притоа дека Европската унија учествуваше во постигнувањето на дипломатскиот резултат, „но Европската унија целосно ја докажа својата нефункционалност како организација којашто се способна да го исполни договореното.
Во врска со сегашните руско-укрански мировни преговори за запирање на руската офанзива започната на 24-ти февраури, Лавров рече дека средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски би требало да се одржи кога двете страни ќе бидат поблиску до договор за клучните прашања. Според него, во овој момент каков и да е состанко меѓу двајцата челници бил контрапродуктивен.