Танцовото студио „Еурека“ блесна на Dance Fest во Нови Сад – се врати со 7 први и 5 втори места

Училиштето за модерен танц и хип-хоп „Еурека“ кое веќе 20 години успешно едуцира и воспитува повеќе од 200 деца и млади годишно, викендов успешно се претстави на Dance Fest во Нови Сад, освојувајќи седум 1-ви места и пет 2-ри места.

Членови на ова високо профилирано танцово студио, со модерна-кореографија „Time“ и забележителен ревијален настап влегоа во Топ 20 најдобри и земаа учество на ГАЛА во категорија за најдобро дуо/трио освоија и парична награда.

Dance Fest во Нови Сад е еден од водечките реномирани танцови настани од професионален и аматерски карактер, кој обединува љубители на танцот, танчери, тренери, кореографи и реномирани светски експерти во уметноста на танцот. Целта на фестивалот е да создаде услови за промоција на млади таленти, млади автори, размена на идеи и поддршка на уметниците во танцовата уметност.

Сите учесници ќе имаат можност да го промовираат не само танцот, туку и нивното национално наследство, традиција и култура. Фестивалот има натпреварувачки и ревијален карактер.