Русија се изјасни како ќе се одвива процесот на купување гас во рубљи

Купувачите на руски гас ќе можат да купуваат рубљи на Московската берза по пазарна стапка за плаќање на синото гориво, изјави за РИА Новости шефот на руската парламентарна комисија за финансиски пазар Анатолиј Аксаков.

-За тоа нема технички пречки, а процедурата е пропишана со закон, рече Аксаков. -Се чини дека не треба да ги менуваме законите, во нив сѐ е убаво напишано. Валутата ќе се менува по пазарниот курс што ќе се одреди на Московската берза. За тоа нема технички проблеми, коментира тој.

Според него, механизмот за плаќање е прво купувачот на гас да се регистрира на Московската берза и да бара одредена сума рубљи. Курсот се одредува на берзата, потоа се прави зделката, парите се префрлаат на сметката на Газпром, а Газпром испорачува гас.

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на владата, Централната банка и Газпром за Европската унија и другите земји кои воведоа санкции кон Руската Федерација валутата за плаќањата за гас да биде во рубљи до 31 март. Истовремено, тој нагласи дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во количини и по цени утврдени со претходно склучените договори.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек во понеделникот изјави дека земјите од Г7 одбиваат да и платат енергија на Русија во рубли.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, во вторникот изјави дека Русија нема да испорачува гас бесплатно.