Навивачката група „Гратиси“ ја засилува „Фалангата“ во Порто (ФОТО)

Без разлика што тоа се случува традиционално со години наназад, присуството на популарно наречената „јагнешка бригада“, со која редовно, на сметка на ФФМ, патуваат „заслужни“ членови на федерацијата, политичари и јавни лица од сите области, на неодамнешниот меч на Македонија против Италија во Палермо предизвика големо внимание во државата, јавува Спорт1.мк.

Причина за тоа беше реакцијата на Државната комисија за борба против корупцијата, која побара од министерот за правда, Никола Тупанчевски, обвинителката Фатиме Фетаи и претседателот на основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев да објаснат како се најдоа на трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ и кој им го платил тоа. Реакциите на јавноста беа жестоки, без разлика на млаките обиди на лицата, чиј опис на работното место е борба против криминалот и корупцијата, да објаснат дека самите си ги платиле трошоците. Тие дури и најавија дека ќе се појават и вечерва во Порто, каде што жолто-црвените го играат клучниот меч за пласман на СП 2022 против Португалија, а дел од нив прикажаа дури и уплатници, но со датуми на уплата кои будат сомнеж околу нивното оправдување.

Дали патувањето на Тупанчевски, Фетаи и на Нанев е нешто што треба да одреди антикорупциска, без разлика на мислењето на јавноста, која, пак, почна да си фаќа сеир со членовите на „јагнешката бригада“ од редовите на судството нарекувајќи ги – навивачка група „Гратиси“. Останува да се види само дали овие „френетични навивачи“ ќе покажат дека заслужуваат да бидат дел од Фалангата за да навиваат заедно со останатите на „Драгао“, кои потрошија големи сум од личната заштеда или максимално ги испразнија кредитните картички само за да дојдат да им помогнат на избраниците на селекторот Боби Милевски.

Група гратиси:

  • Функционерите кои патуваа гратис со чартер летот на ФФМ во Палермо и кои и вечерва ќе бидат на трибините во Драгао, го добија прекарот навивачка група „Гратиси“.
  • Се работи за вишата обвинителка Фатиме Фетаи, судијата Лазар Нанев и министерот за правда, Никола Тупанчевски, за кои се појавија жестоки реакции во јавноста.
  • Од нив тројца, за ТВ 24 само Фетаи приложи две сметки како доказ дека сместувањето си го платила од свој џеб. 24.000 денари за Палермо и 17.000 денари за Порто.