САД ја обвинија Русија за предизвикување „глобална криза со храната“

Заменичката на американската државен секретар Венди Шерман пред Советот за безбедност при Обединетите нации ја обвини Русија дека наводно предизвикала „глобална криза со храната“ и дека „ги довела луѓето во опасност од глад“ започнувајќи ја војната во Украина, која како и Русија е најголемата житница во Европа и светот.

„(Рускиот претседател, Владимир) Путин ја започна оваа војна. Владимир Путин ја создаде оваа глобална криза со храната. Тој е онојј кој може да ја запре“, изјави Шерман на состанокот на Советот за безбедност при ОН посеветен на хуманитарната ситуација во Украина.

„Одговорноста за вдењето војна во Украина, и за ефектите од војната врз глобалната безбедност на храната, единстевено паѓа на Русија и на претседателот Путин“, тврдеше американската дипломатка.

Францускиот амбасадор во ОН, Николас де Ривие истакна дека со „руската агресија против Украина се зголемила опасноста од глад ширум светот“ и дека прво ќе биде погодено населението во земјите во развој.

„Русија, без дилеми, ќе настојува да нѐ увери дека токму санкциите против неа создаваат нерамнотежа во светската безбедноста ситуација за храна“, додаде де Ривие во сихронизираниот настап на западните дипломати кои го предвидуваа рускиот одоговор.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, точно посочи дека потенцијалните турбуленции на глобалниот пазар со храната е всушност предизвикани од „незаѕсдената хистерија со санкциите којашто Западот ја покрена против Русија“ уште пред осум години.

Шерман и директорот на Светската програма за храна (WFP), Дејвид Бисли, известија дека Русија и Украина, кои се и главните производители на житарки, претставуваат 30 отсто од светскиот извоз на пченица, 20 отсто на пченка и 75 отсто на сончогледово масло.

Европската унија објави во петокот иницијатива за ублажување на недостигот од храна предизвикан од војната. ЕУ и САД сакаат мултилатерална обврска против ограничувањето на извозот на земјоделски сировини.

Помошничката на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Џојс Мсуја, изјави дека судирот во Украина „се заканува со влошување на состојбата во најголемите светски хуманитарни кризи, како што се во Авганистан, Јемен и Рогот на Африка“, кои се всушност големиот недостиг од храна е проблем со години наназад.