Димовски: Над 400,000 македонски граѓани воопшто не се потпишани

Екс пратеникот Илија Димовски тврди дека пописот е некомплетен, статистички погрешен и неточен!

Според него дури 21,49% од граѓаните на Република Македонија не се попишани!
„537.833 граѓани или 21,49 % воопшто не се попишани
во графата етничка припадност, религиска припадност и мајчин јазик.
Од нив: 405.573 воопшто не се попишани (ниту административно), 132.260 не се попишани лично (нема податок за етничка, религиска и јазична припадност).

2.502.892 државјани има Република Македонија (според податоци објавени на ТВ Телма од МВР како посочен извор на 20.11.2020 година), а се попишани само 2.097.319 граѓани”, тврди Димовски според кого пописот е некомплетен, статистички погрешен и неточен.