
Од реката Темза исплива со векови чуваната трајна за исчезнувањето на бродот “Cherabin”. Ова гусарско пловило, кое ширело страв, спрема сознанијата на научниците на Универзитетскиот колеџ во Лондон, потонало во 1603 година за време на голема олуја.
Тимот на научиници, по повеќегодишни истражувања, успеале да го пронајдат гусарскиот брод на дното на Темза, за кој според првичните проценки се смета дека потонал пред 400 години.
Бродот наречен “Cherabin” пловел од Англија кон Турција во 1603 година за време на олуја, кога и му се губи секаква трага.
Познато е дека Темза е богата со археолошки материјал. Неодамна е направен и плански попис на предмети од историско значење, но никој не се надевал на вакво откритие.
Повеќе од 10 години, научниците предводени од доктор Густав Милном, почесен предавач на Универзитетскиот колеџ во Линдон, на катедрата по археологија, го анализирале коритото на реката и успеале да воочат артефакти, кој ги навеле да ја истражат околината и да пронајдат други делови од бродот кој сеел став.
Бројот “Cherabin”, според наводите на историските списи, имал дозвола за гусарство, односно да ги напаѓа британските ривали и да го краде нивниот товар.
Се верува дека на бродот во моментот кога потонал имало помала количина на бакар, сребро и злато, заедно со сребрени свеќници, кандила за темјан и пехари.
Богатството денеска за жал се наоѓа во рацете на приватни сопственици, а не во музејите, далеку од очите на јавноста. Според знаењата на научниците, приватните збирки се многу богати со археолошкки остатоци од праисториската доба до денеска.