6.8 C
Skopje
вторник, ноември 5, 2024

Големи снежни наноси ќе го отсечат Галичник најмалку една недела

Новите снежни врнежи и силниот ветер кој дува создадоа нови проблеми за населението во Галичник.

Месната заедница преку социјалните мрежи информира дека снег со силен ветер вее од синоќа на Бистра, а на делот од патот кој бил исчистен се создаваат повторно снежни наноси.

-Прогнозата е дека попладнево врнежите ќе се интензивираат. Галичник ќе остане недостапен најмалку до наредниот викенд, велат од месната заедница.

Инаку, на почетокот од февруари поради снежни врнежи селото исто така беше отсечено. Патот непрооден, а надлежните служби доцнаа реагираа. По многубројните апели и спасувачката акција се започна со работа на терен.

Тогаш токму поради непроодност на патот и неможноста медицински екипи да пристигнат во Галичник дедо Павле, постојан жител на Галичник беше извлечен од селото со хеликоптер и во акција организирана од полициските „Тигри“, по што беше транспортиран во скопската болница „8 Септември“ на лекување.