Руските власти одлучија да ги претворат плаќањата за гас со „непријателските земји“ во рубљи за да ја обезбедат трговијата, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Ваквата одлука не е донесена за да се удри некој по нос, туку за на Русија да не и се одземат доларите и еврата добиени за гасот.
„Што се случи? Гледаме едно лудило со санкциите. А покрај ова, како што знаете, беа блокирани нашите девизни резерви, кои беа во други земји“, кажа тој.
Според портпаролот, сето тоа го забрзува процесот на ерозија на светската резервна валута: Сѐ повеќе земји се сомневаат во веродостојноста на доларот и еврото.
Од антируските санкции, престижот на американскиот долар и еврото е „разнишан“, што е најважно, разнишана е улогата на доларот како главна резервна валута, што поттикнува сè повеќе земји да се префрлат на националните валути во порамнувањата со странските партнери, вели Дмитриј Песков.
Претставникот на Кремљ го привлече вниманието на фактот дека повеќе земји се свртуваат кон националните валути во нивните меѓусебни порамнувања.
За заштита од ризици, за да не се обидат повторно да нè ограбат, се воведува плаќање во рубљи, во овој случај за гасот, објасни Песков.
Тој нагласи дека купувачите на гас платиле во евра и ќе продолжат да го прават тоа.
„Но, во исто време, конечната исплата сепак ќе оди кај продавачот Гаспром во рубљи, со купување на руски рубли за овие евра. Ова е сè уште прототип на системот. Но, не се сомневам дека во во иднина ќе се дистрибуира и на нови групи стоки и ќе зазема сѐ повеќе простор во нашите надворешно-трговски односи“, додаде портпаролот.
Песков потсети дека Русија не сака да ги комплицира животите на своите клиенти, особено затоа што ја цени репутацијата на сигурен снабдувач.
„Затоа, сè ќе биде брзо, јасно, разбирливо. Но, тоа треба да се направи во еден веќе различен систем“, заклучи портпаролот.
„Овој процес сега е во почетната фаза, но веќе не е можно да се запре“, нагласи функционерот, додавајќи дека целиот систем на Бретон Вудс „кој и овозможи на Америка да биде на врвот на економската пирамида на светот за многу децении… сега почнува да еродира“.
Системот Бретон Вудс создаде колективен режим на меѓународна размена на валути, барајќи валутно врзување за американскиот долар што пак беше врзано за цената на златото. Тоа ефективно го направи американскиот долар главна резервна валута во светот. Но, сега, според Песков, овој систем „целосно ќе се измени“
Според Песков, светот само ќе профитира од тоа што овој механизам се менува.
„Овде има многу опции и сето ова е прототип на идниот економски систем, на чие формирање сега сме сведоци“, истакна тој.
Минатиот месец голем број западни држави, вклучително и поголемиот дел од ЕУ и САД, воведоа санкции кон Русија како одмазда за нејзината воена операција во Украина, започната во февруари.
Како дел од санкциите, голем дел од странските средства на Русија беа замрзнати, додека земјата исто така беше отсечена од меѓубанкарскиот систем за пораки SWIFT, што ја загрози способноста на Русија да врши порамнувања со странски партнери во евра и долари. Како одговор, Москва минатата недела објави дека ги менува механизмите за плаќање за извозот во „непријателски“ држави кои и нанесоа санкции на Русија, почнувајќи од природниот гас. Сега купувачите мора да отворат сметки во рубљи во руските банки, така што плаќањата на руските добавувачи на гас може да се вршат во руската валута, рубљата. Освен тоа, Русија разговараше со голем број свои странски партнери, вклучувајќи ги Индија и Турција, предлагајќи да се воспостават механизми за плаќање во нивните соодветни национални валути со цел да се избегнат доларот и еврото, чија сигурност сега е загрозена.
Песков рече дека овие чекори се само почеток на една поширока промена. Додека Русија засега ја менува само процедурата за плаќање за својот извоз на природен гас и само со земји кои се сметаат за „непријателски“, самиот потег создава преседан и може да се отслика во други сектори и со други партнери.
Новата процедура за плаќање стапи на сила на 1 април.