Процентот на растот на инфлацијата е поголем од растот на платите во Македонија, а со тоа целосно е уништен стандардот на граѓаните. Власта на СДСМ и на ДУИ ги интересира само луксузирањето на нивните функционери. Енормни суми се трошат за гоштевање, нов возен парк за министри и директори, нов мебел, а за граѓаните има зголемување на цените на сите неопходни продукти-соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните тонат во сиромаштија. Поскапувањата на основните продукти е за 30-50 отсто, лебот за на над 110 отсто, горивата за над 70 отсто, а цената на струјата за 30 отсто, што дополнително удира по џебот на граѓаните. Мерките за справување со кризата беа нецелосни и задоцнети, а тоа го покажуваат и бројките. Над 35 отсто од населението во државата е во ризик на сиромаштија, секој ден има десетици фирми кои ставаат клуч на вратите и стотици луѓе кои ја се отпуштаат од работа“, стои во партиското соопштение.
За катастрофалните економски политики доказ е процентите за растот на БДП за 2021 година. „Македонија е закована на дното во регионот со само 4 отсто раст на БДП. Споредбено со другите земји, Косово во 2021 има раст на БДП од 10,53 отст, Албанија од 8,54 отсто, а Србија има раст на БДП од 7,40 отсто. Само долгот на државата кој го генерира оваа власт е во раст. Тој ја надмина психолошката граница од над 61 отсто и надмина над 7 милијарди евра. Со оваа криминалната власт секој граѓанин во државата е задолжен за над 3.500 евра“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.