Илон Маск купи 9,2 отсто од акциите во Твитер за 2,89 милијарди долари

Ilon Musk

Илон Маск презеде 9,2 отсто од акциите на Твитер, со што стана најголем акционер на платформата, после една недела, откако навести дека може да ја потресе индустријата на социјалните медиуми. Според Блумберг, акциите на Твитер пораснале за околу 26 отсто во однос на тргувањето пред продажбата, откако беше објавен регулаторниот извештај во кој детално се наведува дека Маск купува удел.
Оваа инвестиција, според берзанските податоци од затворањето на пазарот во петокот, е вредна околу 2,89 милијарди долари.
Би-Би-Си наведува дека Маск, основачот на Тесла, на 14 март купил 73.486.938 акции на Твитер, покажуваат податоците на Комисијата за хартии од вредност.

Твитер претходно истакна дека монетизацијата на прегледите на огласите на нивната платформа, според дневните активни корисници, изнесува 217 милиони долари за последните три месеци од 2021 година, но дека бројките не се целосно точни.

Уделот на Маск, според аналитичарот Ден Ивес, би можел да биде вовед во целосната понуда за преземање на групата со седиште во Сан Франциско, чија пазарна вредност изнесува околоу 32 милијарди долари.