Почина некогашната ју-кошаркарска ѕвезда Петар Сканси

Во 78-та година од животот во понеделникот почина Петар Сканси, поранешен играч и тренер кој ќе остане запаметен како селектор на хрватската кошаркарската репрезентација која по раздружувањето го освои сребрениот медала на Олимписките игри во Барселона во 1992 година.

Со репрезентацијата на поранешната Југославија го освои среброто на Олимписките игри во 1968, златото на Светското првенство во 1970-та во тогашна Југославија, а среброто на Светското првенство во Мексико во 1967-ма и среброто на Европското првенство во 1965 година во тогашниот Советски сојуз.

Во раната младост Сканси прво се занимавал со ватерполо, играл за младите возрасти на сплитски Јадран а дури потоа почнал да се занимава со кошарката. Во кариерата, со своуте 206 сантиметри играше на центарската позиција, и тоа двапати играше за сплитска Југопластика и за италијанскиот Скаволини Песард.

Тренерската кариера ја започна таму каде што ја заврши играчката, во Југопластика. Долго време ги водеше италијанските тимови како Скаволини, Фабиоано Басект, Венеција, Виртус, Тревизо и Фортидуто. Со Тревизо во 1992 година ја освои шампионската титила во Италија.

По раздружувањето на СФРЈ, ја водеше селекциајта на Хрватска во олимпиското финале против првиот и „оригинален“ американски Дрим тим во 1992-та во Барселона.

Ха извршуваше и должноста помошник министер за наука, образование и спорт.