
Фудбалерите на Кристал Палас во понеделникот на домашен терен во последниот дуел од 31-то коло од англиското првенство лесно со 3:0 го совладаа Арсенал.
Домашниот тим рабно поведе, прво во 16 минута погоди Жан-Филип Матета, а веќе во 24 минута водството го удвои Џордан Ајев. Арсенал се разбуди дури во второто полувреме, но не можеше ништо да направи за да го промени резултатот. На 3:0 за Кристал Палас зголеми од пенал во 74 минута Вилфред Заха.
Арсенал и покрај поразот остана на петтата позиција која води во Лига Европа, со 54 бодови од 29 кола. Кристал Палас сега со 37 бодови се искачи на деветтото место од кое го симна Лестер Сити.
Во водство е Манчестер Сити со 73 бодови, бод повеќе од второпласираниот Ливерпул, а Челзи е трет со 59 бодови.