Лошите временски услови, ја отежнуваат потрагата по двајца странски туристи кои сеуште се водат за исчезнати по потонувањето на брод во Индонезија. Тринансет лица кои биле на бродот се спасени, изјавуваат властите во Индонезија.
Мал брод на кој имало 20-тина странски туристи и пет членови на екипажот од Индонезија потона во текот на викендов меѓу Ломбок и Комодо.
Бродот најверојатно потонал поради лошото време.