
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба објави „сосема едноставен“ повик до земјите членки на НАТО да ѝ испорачаат на неговата земја повеќе оружје и така да „помогнат да се спасат човечки животи“, пренесува BBC во четвртокот.
Пред денешниот состанок со колегите од земјите членки на НАТО, Кулеба рече дека „украинската порака е еднсотавна: повече помош во оружје е најдобриот пат да ја победиме Русија“.
Кулеба со другите шефови на дипломатити од НАТО на самитот во Брисел ќе разговара како е најдобро да се вооружи Украина на којашто ѝ се заканува веројатно голема руска офанзива на истокот од земјата.
„Без одржлива и доволна поддршка во оружје, украинската победа ќе биде оставарена со големи жртви. Колку побрзо и колку повеќе оружје пристне, толку повече човечки животи ќе бидат спасени и повеќе гратчиња и градови ќе бидат спасени од разорувања за што сведочевме во Буча“, изјави Кулеба за новинарите пред состанокот.
Украинскиот министер ги повика „сите сојузници да го остават настрана сите колебања и да ѝ испорачат на Украина сѐ што е потребно, бидејќи колку тоа бизарно да звучли, денес оружјето е во служба на мирот“.